МНР: Граѓаните на Северна Македонија да не патуваат во Русија, а оние кои имаат можност да ја напуштат

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија одблиску го следи развојот на состојбите во Руската Федерација и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници.
Од Министерството за надворешни работи посочуваат дека во тој контекст, потсетуваат дека се уште е на сила препораката на Министерството објавена на 28 февруари 2022 година, сите граѓани на Северна Македонија да се воздржат од патувања кон Руската Федерација, а оние кои имаат можност да ја напуштат земјата.
Воедно, сите државјани на Северна Македонија кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, може да ја контактираат Амбасадата во Москва на следните телефонски броеви: +7 925 025-98-05 (мобилен) е-mail: nenad.kolev@mfa.gov.mk.
Државјаните на Северна Македонија може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk
Соопштение на МНР од 28.02.2022 https://mfa.gov.mk/mk/page/8/post/2870/soopshtenie.
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
-

Директор во Лотарија обвинителството го прогласи за непријателски сведок
-

Јанев: Падна митот за недопирливите во Прилеп, нема повеќе криење позади униформата и врските
-

Се бара оставка од Филипче - Платформата 12.05 го достави, СДСМ јавно го објави и го одби планот за промени
-

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителството да ја истражи Славјанка Петровска
-

Четврти интернационален конгрес за студенти по медицина од 15-18 октомври
