МНР испрати нота до словенечко и хрватско МНР за нови конвои

Министерството за надворешни работи на Република Македонија информира дека со сите свои ресурси и напори, преку дипломатско-конзуларните претставништва во Љубљана и Загреб, се обидува да обезбеди што поскоро транзитирање преку словенечка и хрватска територија и безбедно враќање дома на сите наши превозници.
– Испративме и нота до словенечкото и хрватското МНР, со барање за што поскоро вклучување на македонските превозници (лесни возила, комбиња, автобуси и камиони) во следните планирани конвои од словенечка и хрватска страна. Во тој контекст, МНР Никола Димитров од утринските часови е во постојана комуникација со Министерството за надворешни работи на Словенија, кризниот штаб и амбасадорот Јазбец, се наведува во соопштението од МНР.
Во врска со застојот на македонските автопревозници на италијанско-словенечката граница, од МНР информираат дека вчера е обезбеден конвој за одреден број македонски превозници, кои беа придружувани од словенечката полиција и транзитираа преку словенечка територија на пат кон крајната дестинација – Република Македонија.
Од Министерството за надворешни работи на Словенија и Словенечкиот кризен штаб известуваат дека најмалку 3.000 превозници чекаат на граничните премини на италијанско-словенечката граница и уверуваат дека постојано организираат конвои, внимавајќи на правично учество на превозниците од сите држави во регионот.
Ново на Сител
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
-

СДСМ: Мицкоски и Славески ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија, бараме одговорност
-

Тема на денот со Дафина Стојаноска, ВМРО-ДПМНЕ
-

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат по насоки на нивните наредбодавци
-

Денес се избира градоначалник на Брвеница
-

ДИК: До 15ч излезноста во општина Брвеница е 40,49%
-

Втор круг претседателски избори во Бугарија
