МНР: Претседавањето со ОБСЕ дел и од проектот Рефлексија 2030
Во просториите на МНР денеска се одржа тематска дискусија во рамки на проектот Рефлексија2030, чија цел е резвивање на Стратегијата за надворешна политика за следните 10 година. Денешната дебата, како што соопштија од МНР, беше посветена на претседавањето на Република Македонија со ОБСЕ во 2023 година.
Воведно обраќање на настанот имаше министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој ја претстави визијата, како и преземените активности во функција на квалитетна подготовка на проактивно и препознатливо претседавање со ОБСЕ и промоција на нашата надворешна политика во еден поширок мултилатерален контекст, информираат од МНР.
– Претседавањето со ОБСЕ e наш врвен приоритет во наредните години. Од почетокот на оваа година сме дел од ОБСЕ Тројката претседавачи, истовремено ќе претседаваме и со медитеранските партнери и азиските партнери за соработка на ОБСЕ (2022/2024). Оттука, овој линк меѓу претседавањето со ОБСЕ и Стратегијата за надворешна политика 2030 е логичен, разбирлив и нужен. Денес, дискутираме за сериозноста на предизвикот, за визијата и за тоа како преку нашиот нов капацитет можеме да придонесеме кон стабилноста, соработката и просперитетот во регионот на ОБСЕ. Инпутот што ќе го добиеме, несомнено ќе придонесе кон овие процеси во функција на изработка на солидна платформа за нашето претседавање, истакна Османи.
Целта на оваа тематска дискусија беше да се иницира своевидна рефлексија за можните приоритетни области, предизвиците и очекувањата, како и за нашиот профил како држава претседавач. На настанот учествуваа членови на Стратешкиот совет на МНР, на Работната група при МНР задолжена за подготовките за претседавањето, претставници на академскиот свет, тинк-тенк заедницата, итн, потенцираат од МНР.
Ново на Сител
-

Загадувањето не се решава преку ноќ, дислокација е само еден од сегментите
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Инспекторатот за употребата на македонски јазик се уште нема инспектори
-

Здружението „Бадникови поворки“ ја објави програмата за бадниковата манифестација
-

Мицкоски: Дислокација на „Усје“ не е проблем за Владата
-

ПАП и ехо не смее да се наплатува - Фондот за здравство и УЈП казни половина од контролираните матични гинеколози
-

Филипче тврди во 2026 не’ чека криза, Мицкоски вели граѓаните да се спокојни
-

Ако бадентерот влезе во Уставен, граѓаните да заборават на правна држава, а власта да го затвори судот
