МНР: За членовите на ДКСК ќе се одлучи дали да добијат дипломатски пасоши
Членовите на оваа Комисија не влегуваат во категоријата на лица кои согласно со актите кои го регулираат ова прашање имаат задолжително право на дипломатски патни исправи, но истовремено, на одредени категории, доколку министерот процени дека има потреба, Министерството за надворешни работи има право да издаде дипломатска патна исправа, соопшти МНР во врска со доставените барања за дипломатски пасоши од шесте членови на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).
Како што наведува МНР, седум барања до Министерството - за претседателката Татјана Димитровска и за шесте членови во Антикорупциската комсија, биле доставени од ДКСК во април и тогашниот министер за надворешни работи позитивно одговорил само за претседателката на Комисијата.
Во однос на останатите членови на ДКСК, наведува МНР, „министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе направи дополнителни консултации со цел да биде донесена соодветна одлука, односно дали постојат оправдани причини и тие евентуално да добијат дипломатски или службени патни исправи“.
Откако во јавноста деновиве е актуелно доделувањето дипломатски пасош за претседателката на ДКСК Димитровска и поднесеното барање за ваква патна исправа од шесте членови на ДКСК, Комисијата денеска реагираше со соопштение во кое наведе дека тоа е „право, а не привилегија“ и е овозможено со Законот за патни исправи, цитирајќи го член 11.
Во реакцијата објавена на нивната веб-страница, ДКСК меѓу другото, наведе дека „за да нема дилеми во јавноста и поради крајна транспарентност“, го повикуваат и новиот министер за надворешни работи „да ја преиспита одлуката за дипломатските пасоши на ДКСК, а исто така и пратениците самиот закон доколку сметаат дека има потреба од тоа“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Бугарскиот амбасадор повикан на разговор во МНР поради пробиениот протокол на средбата Силјановска - Радев
-
Навреди од ко-претседавачот
-
Комитетот утре влегува во М-НАВ, од нив зависи дали и Обвинителството ќе отвори истрага
-
Какви незаконски работења откриле контролите на Фондот за здравствено осигурување во ЈЗУ
-
Вреди: Без амин од ДУИ ниту една фирма не може да добие ниту еден денар
-
Ѓорѓиевски: Градоначалниците се недопирливи
-
Обид за убиство во Кочани - напаѓачот е фатен и приведен