МНРиНТ: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста. Наместо да понесе одговорност и да се извини за штетата што ја нанесе врз националните и надворешнополитичките позиции на државата, СДСМ повторно пласира груби невистини и конструкции.
Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици што СДСМ ѝ ги пласира на јавноста, се вели во реакцијата од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ) на денешната прес-конференција на Андреј Жерновски од СДСМ.
Факт е, се додава, дека институциите редовно комуницираат со земјите членки на Европската Унија, со европските институции, со Бугарија и со другите меѓународни партнери. Овие разговори се водат транспарентно, а позицијата на Владата е јасна и повеќепати јавно потврдена.
-Нема отстапки од националните интереси, идентитетот, јазикот и историјата. Полноправното членство во Европската Унија останува стратешка определба и крајна цел на оваа Влада. Токму тука е суштинската разлика меѓу оваа Влада и СДСМ. Во минатото, договори и компромиси се прифаќаа далеку од очите на јавноста и на штета на националните позиции. Денес, надворешната политика се води одговорно, принципиелно и во согласност со националните интереси и волјата на граѓаните. Транспарентноста и доследната заштита на националните интереси се клучната разлика меѓу оваа и претходната власт, се посочува во реакцијата.
Се нагласува дека е повеќе од очигледно дека на СДСМ му е поважно преку вакви прес-конференции да им се додворува на одредени политички кругови во соседството отколку да ги брани интересите на сопствената држава и на сопствениот народ.
-Наспроти нивниот неодговорен пристап, Владата и Министерството постапуваат принципиелно и сите одлуки ги носат транспарентно, пред очите на јавноста и во согласност со јасно утврдените државни позиции, се истакнува во ракцијата од МНРиНТ.
Жерновски денеска на прес-конференција пред Владата посочи дека се подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог и додаде дека нивните информации од Брисел зборуваат дека Владата на Мицкоски тоа веќе го договорила и оти тоа се јасни сигнали коишто пристигнаа и од Брисел, и од Берлин, и од Париз.
МИА
Ново на Сител
-

50-годишен тетовец ја тепал ќерка му и рекол дека ќе ги запали ако викнат полиција
-

Вардар во финалето против Охрид на ракометниот турнир Струга 2026
-

Мицкоски: За скопската вода опозицијата проба да создаде хистерија, за гостиварската Владата не е одговорна, напротив – таа помогна
-

Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“, Лондон протестира
-

Автобус полн со српски туристи излетал од патот во Бугарија
-

Уапсен дилер на дрога од Бучим, при преглед на возило пронајдени 14.440 евра
-

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид - Кичево
-

Уапсени две лица од Битола и Прилеп поради предизвикување пожари
