Модерна ќе го зголеми производството на вакцини
Американската фармацевтска компанија Модерна, која произведува една од одобрените вакцини против коронавирусот, предлага да се зголеми содржината на лекот во секоја ампула на еден и пол пати, изјави претседателот на компанијата Стивен Хог.
Според Хог, производството на вакцини во моментов се забавува поради ограничувањата на количината на дози на вакцини по шишенце.
– Со оглед на тоа што компанијата се приближува до производство на еден милион дози на ден, предлагаме да додадеме повеќе лекови во ампулите за да ги отстраниме пречките во производството со зголемување на дозата на 15 дози наместо сегашните 10, рече претседателот на Модерна.
Хог нагласи дека оваа иницијатива бара одобрување од раководството на Администрацијата за храна и лекови (ФДА) при Министерството за здравство на САД. Минатиот петок, Си-Ен-Би-Си јави дека Модерна го испратила предлогот до супервизорот.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори