Могерини: ЕУ не планира нови санкции против Русија поради Сирија
Европската унија не размислува за воведување нови санкции кон Русија поради Сирија, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Таа прецизира дека ниту една земја членка не предложила казнени мерки против Москва, поради нејзината поддршка на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и бомбардирањето на северниот сириски град Алепо.
- ЕУ сепак може да вклучи уште Сиријци, обвинети за кршеање на човековите права и за воени злосторства на листата за санкционирање, додаде Могерини.
Таа ова го изјави во Луксембург пред почетокот на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ.
Претходно западни медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори, јавија дека Велика Британија, Франција и Германија ќе се обидат да ја убедат денеска ЕУ да ја осуди руската воздушна кампања во Сирија и да воведе уште санкции против режимот на Асад.
Ново на Сител
-
Модриќ стана најстариот играч во историјата на Класико
-
Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините
-
Државата троши нешто повеќе од 1 500 денари по глава на жител за правосудството
-
Трипл-дабл на Леброн Џејмс во победата на Лејкерс над Сакраменто
-
Светска програма за храна: Во светот 733 милиони луѓе се соочуваат со глад
-
Флик издвои еден играч по победата над Реал
-
Колективна оставка од Комисијата за помилување
-
Грузиската опозиција не ги прифаќа изборните резултати, најави улични протести