Могерини на 31 август ќе ги пречека Вучиќ и Тачи

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини на 31 август во Брисел ќе оствари средба со српскиот и со косовскиот претседател, Александар Вучиќ и Хашим Тачи.
На средбата ќе бидат разгледани можностите за подолжување на преговорите за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово, по договорот од минатиот месец за почеток на подготовките за нова фаза од дијалогот.
- Сметам дека ние можеме,до крајот на овој мандат на Европската комсија (2014-2019) да ја постигнеме целта во барањето на конректни и значајни чекори за секого од нашите балкански партнери, на нивниот пат кон интеграција во ЕУ, изјави Могерини пред амбасадорите на земјите на ЕУ.
Според неа, независно од неколкуте тешки момент во текот на оваа година, земјите партнери од Балканот покажале волја и желба за напредок на патот кон ЕУ.
Високата претставничка на ЕУ посочила дека двајцата претседатели ќе ја разгледаат актуелната состојба во спроведувањето на досега постигнатите договори во текот на дијалот. На средбата се очекува да стане збор и околу модалитетот за постигнување завршен договор околу дијалогот меѓу Србија и Косово, што ќе биде меѓународна обврска.
Вучиќ и Тачи првпат се сретнаа во својство на шефови на држави на 3 јули во Брисел, кога се договорија за нова фаза во дијалогот. Исто така тие се договорија за формирање работни групи кои ќе го подготват почетокот на оваа фаза.
Дијалогот меѓу Косово и Србија, за технички прашања, почна во март 2011 година, по прогласувањето на независноста на Косово во 2008 година. Првите договори постигнати меѓу двете земји се оние за интегрирано менаџирање на границите и за слободно движење.
Договорот постигнат за нормализирање на односите потпишан во април 2013 година предвидува и формирање на Заедница на српски општини.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV им честиташе Велигден на верниците кои денеска го слават
-

Кремљ одбива да го продолжи велигденското примирје
-

Техеран: Ормуската Теснина е целосно под контрола на Иран
-

Во вторник во Вашингтон почнуваат преговорите меѓу Израел и Либан
-

Од вторник до четврток променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Приведен 22-годишник откако физички, со дрвен предмет ја нападнал невенчаната сопруга
-

Ѓорѓиевски: Воскресението е темелот врз кој се гради нашата вера, нашата иднина, моменти кога треба да се обединиме како народ
-

Воскресна богослужба - Второ Христово воскресение во Соброрниот храм „Св. Климент Охридски“
