Могерини: Опстанокот на ЕУ никогаш не бил понеизвесен

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини смета дека новата надворешнополитичка и безбедносна стратегија на Унијата треба да продолжи со комбинирање на „меки и цврсти“ моќи на ЕУ, преку јакнење на меѓусебната солидарност на членките и продолжување на соработката со НАТО.
Таа нагласи дека „ЕУ мора да се поврзе и со новите актери во светот, бидејќи ниту една членка не може сама да одговори адекватно на нестабилност и новите безбедносни закани“.
- Во денешно време, полно со предизвици, ЕУ треба да размислува стратешки, да има заедничка визија и да настапува единствено. Остварувањето на целите поради кои е формирана ЕУ, па и самиот нејзин опстанок, никогаш не биле понеизвесни, а на нашите граѓани им е потребна најсилна ЕУ, истакна Могерини во врска со стратешкиот документ кој неодамна им го предложи на европските институции и земјите членки на Унијата.
Шефицата на европската дипломатија додаде дека „во ситуација на безбедносни предизвици во ЕУ и нејзиното опкружување, како и Брегзит, Европејците треба повторно да размислат како функционира нивната интеграција“.
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
