Могерини со критика кон политиките што ја изолираат Куба
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини упати критика кон политиките кои ја изолираат Куба.
- Има луѓе кои се обидуваат да ја изолираат Куба. Ние Европејците, напротив, сакаме да покажеме дека сме поблиски до вас од кога и да било, изјави Могерини на една академска конференција во Хавана.
Според кубанските аналитичари, ваквата изјава на Могерини се однесувала на американскиот претседател Доналд Трамп.
- Соочувајќи се со оние што градат ѕидови и затвораат врати, ние Европејците сакаме да градиме мостови и да ги отвориме вратите преку соработка и дијалог, додаде таа.
Ова е прва посета на Могерини на Куба, откако во ноември влезе во сила договорот за политички дијалог и соработка меѓу ЕУ и Куба. Тоа ќе биде нова правна рамка за билатералните односи, вклучително и политичкиот дијалог, соработката и заеднички акции во меѓународните форуми.
Ново на Сител
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
ДУИ за видеото на Ахмети во униформа на УЧК - Тоа е неговата биографија
-
Тошковски за видеото на Ахмети - Неуспешен обид за дефокусирање од криминалите
-
ВМРО - ДПМНЕ: СДС го создаде Груби и му дозволи да ја краде државата
-
Нови празници - Нови трошоци за граѓаните
-
Лекарите апелираат - Внимателно со исхраната за време на празниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо