Преглед на вестите од светот
Најмалку пет лица загинаа во шумските пожари во округот Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија. Пламените јазици голтаат се пред себе. Повеке од 130 000 луѓе добија наредба да се евакуираат. Активни се шест пожари на различни локации. Гори во крајбрежната област помеѓу Малибу и Санта Моника, во околу и градовите Алтадена и Пасадена, како и во елитната населба Холивуд Хилс во која се наоѓа легендарниот знак Холивуд и во која живеат познати имиња поврзани со филмската и забавната индустрија.
-За жал, имаме пет пријавени цивилни жртви, голем број повредени и над 1.000 објекти оштетени или уништени, изјави Ентони Мароне, протипожарна служба.
„Не се работи за финансиска загуба, туку за сè. Секој имот на тебе и твоето семејство и секој спомен засекогаш. Беше тешко да се замисли дека ќе го изгубам сето тоа. Срцето ми се гаси. Веќе познавам пет пријатели кои го загубија својот дом, изјави жител на Пасадена.
До темел изгореа домови и на познати личности, мегу нив Били Кристал и Парис Хилтон.
Силните ветрови и сувото време ја отежнуваат работата на пожарникарите, ширејки ја огненета стихија. Во некои од погодените места проблем прави и недостигот на вода.
-Оваа огнена бура е најголемата по големина. Ветровите со ураганска сила обично се придружени со врнежи од дожд, но ова се ветрови со ураганска сила кои се комбинирани со екстремно суви услови на суша. Ако имате предупредување за евакуација, подгответе се да одите, изјави Карен Бас, градоначалник на Лос Анџелес.
Пентагон испрати опрема и персонал во погодените области, откако претседателот Бајден одобри федерална помош.
Подготвени сме да направиме сè и сè додека е потребно за да ги скротиме овие пожари и да помогнеме во реконструкцијата. Тоа ќе биде пеколно долг пат. Ќе треба време, изјави амрканскиот претседател Бајден.
Според привчните проценки, пожарите во Лос Анџелес предизвикаа штета од 52 до 57 милијарди долари.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар