Мохамед Aли доби улица во Њујорк

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио објави дека дел од „33-та улица“ на Менхетен, што се наоѓа недалеку од спортскиот комплекс „Медисон Сквер Гарден“, е преименуван во „Мохамед Али“, во чест на славниот боксер, кој почина во петокот на 74-годишна возраст.
Ваквата одлука, која засега е привремена, Бласио ја образложи со фактот дека Али осум пати се борел во рингот на „Медисон Сквер Гарден“, но и со желба да му се оддаде признание на неговиот активизам.
Во „најславата сала во светот“ на 8 март 1971 година се оддржа „борбата на векот“ меѓу Џо Фрејзер и Мохамед Али, кој го доживеа својот прв пораз во професионалната кариера по 31 победа во низа.
Ова преименување на улицата е привремено, а за да биде конечно, мора да го потврди и Градското собрание.
- Разбирливо е дека Њујорк како главен град на светот, мора да му оддаде почит на Мохамед Али, кој беше вистински светски шампион, рече Бласио.
Мохамед Али ќе биде погребен в петокот во неговиот роден град Луисвил во американската сојузна држава Кентаки.
Ново на Сител
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
-

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година
