„Мојот пратеник“: Собранието во првото полугодие донело 178 закони
Собранието на Република Македонија го изработи деветнаесеттиот број на публикацијата „Мојот пратеник“ во која е содржан извештајот за работата на народните избраници за периодот од 1 јануари до 30 јуни годинава.
Во овој период, информираат од собраниската прес-служба, вкупно се донесени 178 закони, 83 од економската област, 52 од политички систем и 43 закони од областа на јавните дејности. Пет седници биле посветени на пратенички прашања.
Собранието на Република Македонија од август 2006 година, во соработка со Граѓанската асоцијација „МОСТ“ редовно ја издава публикацијата „Мојот пратеник“, која сега е целосен производ на Законодавниот дом и на службата на Собранието. Oваа публикација претставува уште еден инструмент преку кој Законодавниот дом се приближува до граѓаните. Една од клучнитe заложби на Собранието е транспарентна и отчетна работа, како едни од основните темели на кои се гради демократското општество, стои во соопштението.
Комплетниот извештај за работата на Собранието, на пратениците и собраниските тела може да се преземе на линкот: https://www.sobranie.
Ново на Сител
-
Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна
-
Новиот тим македонски историчари утре на прва средба со тимот од Бугарија
-
Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена
-
Терористички напад во Турција: Четворица загинати и 14 повредени
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари