Loading Video...
Спорт плус
6. February 2023 - 20:00

МОК: Мојсоски има проблеми со државата а не со нас

На соопштението на АМС експресно реагираше МОК на чело со претседателот Даниел Димевски кој тврди дека првиот човек на АМС има проблем со државата а не со МОК.  

Комисијата која треба да предлага е нем извршувач на неговите налози, а Советот, кој патем тој го предлага, е аминувач на истите. Кој е близок и има бизнис релации со него е награден, сите други казнети.

„Многу важни теми од спортот и силни негови ветувања останаа нечепнати. Не видовме ништо од пензиите за заслужните спортисти. Не видовме ниту нови спортски сали, базени уште помалку. И Домот на спортови го загубивме по пат, како што изчезнаа и новиот Закон за спорт и Стратегијата за спорт пет пати ветувана. Регистерот на активни спортски клубови не се направи а транспарентноста од страна на овластената државна институција е оценета како катастрофална. Ова е за жал реалната слика и прилика на АМС раководена од директорот Наумче Мојсовски. Му посакувам на директорот да се врати во спортот во друга функција различна од оваа која евидентно не е за него“- се вели во реакцијата на Даниел Димевски, претседателот на МОК.