Македонија
26. March 2016 - 13:41

Молотов коктел фрлен во скопско училиште, изгореа компјутерите за екстерно

Вчера околу 09,30 часот, Ф.С. (вработена како домаќин) пријавила дека на ул.„2-ра Македонска Бригада“, поточно во ОУ “Петар Здравковски-Пенко“, од страна на неколку засега непознати ученици било запалено шише со непозната течност, кое го фрлиле во касата во која биле сместени компјутери, при што се запалиле неколку компјутери.

Нема повредени лица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Ново на Сител