МОН: Должни сме да обезбедиме матура, бојкотот неоправдан и на штета на матурантите
Министерството за образование и наука и Владата се должни и ќе ја спроведат матурата за да обезбедат можности за сите над 14.000 учениците коишто ја пријавија да ја полагаат и да продолжат да учат и да се запишат на факултет. Неодоговорно е да им се ускрати правото на оние кои решиле да продолжат на факултет.
Учениците коишто не планираат да продолжат на факултет, имаат избор да полагаат само училишна матура и стручен испит.
Државната матура оваа година ќе се полага по скратена и променета методологија како што МОН уште на почетокот на учебната година одлучи, а со тоа беа сложни и матурантите и средношколските здруженија и наставниците и родителите.
Потсетуваме дека се направени измени и во постојната концепција, воведени се два дополнителни изборни предмети- географија и информатика, и ја усогласивме проектната задача за да биде интересна за матурантите. И тоа го направивме заедно со средношколците.
Исто така, потсетуваме дека работна група во која учествуваат претсавници на средношколците и Државниот испитен центар ќе подготви целосно нова концепција за државна матура, која ќе се користи веќе од идната година и со ова за кратко време направен е голем исчекор кон подобрување на целиот концепт.
Апелираме дека образованието мора да продолжи да тече дури и во услови на пандемија, бидејќи се работи за иднината на младите генерации. Министерството од самиот почеток прави се да не дозволи пандемијата да се одрази на развој и напредок на учениците.
Свесни сме дека пандемијата донесе многу предизвици и промени, но тоа не смее да ги поколеба учениците и матурантите да продолжат да учат и да се надградувате.
Бојкотот на група матуранти не оди никому во прилог и во овој случај целосно е неоправдан. Бојкотирање на оваа суштинска должност и одговорност е неприфатлива.
МОН останува силен партнер на учениците, матурантите, наставниците и родителите и како и досега отворено и заеднички ќе дискутираме за сите предизвици, но сега е потребен разум и прифаќање на состојбите.
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години