МОН го осудува насилството во ОУ „Живко Брајковски“
- Министерството за образование и наука го осудува индицентoт во ОУ „Живко Брајковски“, каде што наставник нападнал и повредил ученик од ова училиште.
МОН очекува соодветно санкционирање на наставникот по добиените наоди од извршениот надзор од страна на Државниот просветен инспекторат.
- Веруваме дека секоја ситуација и конфликт може да се разреши по мирен пат, со разговор, а не со физички пресметки и напади. Штетата е уште поголема што не станува збор за инцидент меѓу ученици, туку меѓу наставник и ученик, се вели во соопштението.
Од МОН апелираат до сите наставници и ученици проблемите со кои се соочуваат, конфликтите, да ги решаваат во присуство и со помош на психолошко-педагошката служба во училиштата, како и во присутво на родителите и раководните лица на образовната установа.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
