МОН набави уште 20 интерактивни табли за училиштата

Министерството за образование и наука набави уште 20 интерактивни табли кои во текот на јуни ќе бидат распределени во дваесет училишта низ Македонија. Од почетокот на проектот се набавени сто т.н. смарт-табли наменети за основните и за средните училишта.
Проектот за опремување на училиштата со овој вид информатичко-комуникациска технологија Владата и МОН го почнаа пред две години со цел да се модернизираат условите за настава и да се развијат ИКТ-вештините на учениците.
- Министерството за образование и наука со одлука на Владата се обврза секоја година да набавува интерактивни табли во вредност од три милиони денари за потребите на училиштата. Во изминатите две години реализиравме набавка на сто интерактивни табли за нов и современ пристап во изведувањето на наставата, рече денеска на прес-конференција заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
Распределбата на интерактивни табли секоја година се прави врз основа на повеќе критериуми, меѓу кои се бројноста на учениците и недостигот на ваков вид технологија во училиштата.
Ристовски додаде дека МОН ќе продолжи со нови набавки на интерактивни табли кои во иднина треба да ги заменат класичните табли, кредите и сунѓерите.
Ново на Сител
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
-

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна, се разгледуваат мерки за справување со можните економски предизвици
-

Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме раст на БДП, владините политики даваат резултати
-

Франција одобри привремено присуство на американски авиони во локалните бази
-

Фармацевтка посочи: Витамините во додатоци не се безопасни
-

Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви, како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали
-

Судот не го прифати предлогот на бранителите за спојување на постапките за пожарот во „Пулс“
-

За 48-часа продолжен притворот за Стојанче Јовановски, сопругот на мајката која почина со својата ќерка по пад од зграда
