МОН: Направени се сериозни инвестиции во високото образование
Универзитетот во Штип ја има поддршката од институциите на системот, како во делот на унапредувањето на студиските програми и наставата, така и по однос на модернизацијата и надградбата на инфраструктурните услови и капацитети, се вели во реакцијата на Министерството за образование и наука на изјавата на Петар Атанасов од СДСМ.
- Актуелната влада е единствената која направи сериозни инвестиции во насока на подигнување на квалитетот на овие два сегменти, преку отворањето на нови високо образовни установи и обезбедување на нивна поголема достапност за заинтересираните граѓани, преку изградба на нови студентски сместувачки капацитети и реконструкција и опремување на постојните, се вели во реакцијата.
Од МОН уверуваат дека нема да бидат спречени да продолжат со имплементација на развојната стратешка политика за подигнување на атрактивноста и конкурентноста на високото образование и квалитетот на студентскиот стандард.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?