МОН објави конкурси за стипендии за средношколци во учебната 2026-2027

Министерството за образование и наука денеска објави конкурси за девет категории стипендии за ученици од средните училишта во државата за учебната 2026/2027 година.
Најголем број (1570) се стипендии за ученици кои се запишани во дуалните паралелки, т.е. во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број часови во согласност со програмите за стручно образование.
Деветстотини стипендии се предвидени со конкурсот за социјална поддршка на ученици од јавните средни училишта, 300 стипендии за ученици од средно образование (издвоени наставни програми), 180 стипендии се за ученици со посебни потреби од јавните и од приватните средни училишта.
По 150 стипендии ќе бидат доделени во три конкурси - за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење; за талентирани ученици - спортисти од јавните и приватните средни училишта и за талентирани ученици од средното образование (освен за талентирани ученици од областа на уметностите) од јавните и приватните средни училишта.
МОН објави и конкурси за доделување 50 стипендии за ученици кои се деца без родители и учат во јавните или во приватните средни училишта и исто толку стипендии за талентирани средношколци од областа на уметностите, кои следат настава во јавните или приватните средни училишта во државата.
МИА
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
