МОН: Се изработуваат шест закони од областа на образованието
Работни групи во Министерството за образование и наука (МОН) во кои членуваат и стручни лица од наставничката и академската фела, експерти и претставници на повеќе надлежни институции, подготвуваат шест нови законски решенија со кои ќе се унапредат образовните услуги кои се испорачуваат кон граѓаните и ќе се обезбедат повеќе права и можности за различни засегнати категории во областа.
Како што информира денеска МОН, станува збор за предлог-закони за средното образование, стручно образование и обука, образование на возрасните, учебници во основното и средното образование, како и закони за изменување и дополнување на Законот за основното образование и на Законот за Националната рамка за квалификации.
- Работните групи имаат обврска до крајот на тековниот месец да ги подготват предлог-законските решенија, односно законски измени, по што тие ќе бидат објавени на владиниот ЕНЕР систем на увид на јавноста. Ќе се организира и јавна дебата со цел да се даде можност за предлози и сугестии заради подобрување на содржината и проследување на најдобрите верзии во собраниска процедура, се вели во соопштението.
Најдобрите и најефективни законски решенија, како што се наведува, се носат исклучиво преку инклузивен пристап со учество на сите засегнати чинители. МОН го почитува овој принцип и ги охрабрува граѓаните активно да учествуваат во градењето на поквалитетен образовен систем.
Ново на Сител
-

„Стоп за Усје“ – Граѓаните бараат дислокација на цементарницата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Протест пред Усје
-

Без ниту еден глас против изгласан Буџетот на Град Скопје за 2026 година
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Собраниски дуел Мицкоски - Филипче: Кој владее како Третиот Рајх, а кој е општествен талог
-

Изборот на Народен правобранител заглави во Собранието, институцијата пред целосна блокада
