МОН: Тврдењата на СДММ за студентскиот стандард се за политички цели

Министерството за образование и наука (МОН) во реакција на денешната прес-конференција на претседателот на СДММ истакнува дека презема мерки, проекти и активности кои го унапредуваат високото образование и го олеснуваат студирањето и студентскиот живот.
Податоците на СДММ, од каде ги критикуваа трошоците и условите за живеење на студентите во студентските домови, се невистинити и манипулативни за политички цели.
Во време на актуелната Влада, според МОН, високото образование станало подостапно од кога било и значително е намалена и унифицирана партиципацијата за студирање на државните универзитети. - Денес студирањето во државна квота изнесува 200 евра годишно, додека студирањето во квотата со кофинансирање чини максимум 400 евра - за разлика од минатото кога на власт биле денешните опозиционери, кога студентите плаќаа и по 1.200 евра годишно, наведува во реакцијата МОН.
Студентите и студентскиот стандард, истакнува ресорното Министерство, денес се еден од врвните приоритети за Министерството за образование и наука. Изграден е систем на стипендирање кој нуди повеќе од 40 различни видови стипендии за македонските граѓани. За дополнително финансиско олеснување, на сите редовни студенти на државните универзитети им е овозможен бесплатен превоз во јавниот градски сообраќај.
- На сите студенти на мајчин јазик им се достапни 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на најдобрите светски универзитети, кои може да ги користат во специјализирани читални и во библиотеките. Добија нови лаборатории на факултетите каде студираат. Континуирано се подобруваат и условите за сместување и престој во постојните студентски домови, преку темелни реконструкции на постојните домови, како студентскиот дом Гоце Делчев и преку изградба на нови сместувачки капацитети, како оние во состав на студентскиот дом Стив Наумов. Наскоро започнува и изградбата на два нови студентски домови, се вели во реакцијата.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
