-->
-->
Мониторингот на УНЕСКО, ЕУ интеграцијата и регионалниот развој
-->

Владата на Република Северна Македонија денеска во Охрид ќе ја одржи седмата редовна седница. Централна точка на дневниот ред на седницата, која е петта од серијата што се одржуваат во 10 региони во земјата, е информацијата за состојбите и извршените посети во општинитe Охрид, Струга, Ресен, Вевчани и Дебрца, соопшти владината прес-служба.
Градоначалниците на овие општини ќе презентираат информации од интерес на граѓаните и ќе информираат за одредени прашања и проекти од плановите за работа на локалните заедници. Согласно тоа, на седницата ќе се дадат насоки за политики и одлуки за проекти кои можат да се реализираат во соработка меѓу локалната и централната власт.
На седницата во Охрид ќе биде разгледаната и информацијата за присуството на Реактивната Мониторинг Мисија на УНЕСКО, како и информацијата за извршен инспекциски надзор на градби од прва категорија на подрачјето на општините Охрид и Струга и информацијата за преземените активности на овластените градежни инспектори за овие подрачја.
На оваа седница, амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ пред министрите ќе ја презентира Програмата и приоритетите на Хрватското претседателство со Советот на Европската Унија.
Во рамките на теренските активности што ќе ѝ претходат на седницата, претседателот на Владата на Оливер Спасовски ќе направи увид со реконструкцијата и санацијата на колекторскиот систем и ќе ги посети фабриките ЛТХ Леарница Охрид и Братство Инокс.
Средби и други теренски активности во текот на денот во регионот ќе имаат и вицепремиерката задолжена за економските ресори Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, министрите без ресор задолжени за странски инвестиции Зорица Апостолска и Елвир Хасан, како и министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Украинските власти тврдат дека не добиле официјален предлог за примирје за 9 мај
-

Трамп соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 отсто
-

Белата куќа одби да го коментира новиот ирански предлог упатен до САД
-

Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши 1-1
-

Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5
-

Повеќе од 550 лица приведени на демонстрациите по повод 1 мај во Истанбул, во останатите градови во Турција одбележувањето поминаа мирно
-

Дурмиши: Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија
-

Мицкоски: Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава
