-->
-->
Монтела пред отказ од Милан
-->
Раководството на италијанскиот гигант Милан сериозно размислува да направи промена на тренерското место, односно да му врачи отказ на Винченцо Монтела, пренесуваат италијанските медиуми.
Како една опд главните причини се наведува поразот на гостувањето кај Сампдорија со 2-0.
Директорот на „Росонерите“ Марко Фасоне порачал дека императив на клубот е пласман во Лигата на шампионите. Сепак, тимот на Милан по шестте одиграни натпревраи во Серија А, веќе има два порази.
Покрај Сампдорија, претходно Милан загуби и од Лацио со 4-1, а заостанувањето од шест бода во однос на двете првопласирани екипи Наполи и Јувентус уште од сега најавува дека Милан неможе да биде конкурентен во трката за шампионската титула.
Милан во летниот трансфер период вложи 200 милиони евра, па затоа очекувањата на раководството на клубод се дека тимот мора да биде конкурентен барем во првите четири позиции кои носат пласман во Лигата на шампионите.
Дел од италијанските медиуми веќе почнаа со шпекулациите за можен наследник на Монтела, односно дека веќе бил контактиран Валтер Мацари.
Иднината на Монтела сигурно ќе зависи веќе од наредните неколку натпревари во кои „росонерите“ ги очекуваат дуелите на домашен терен против Риека во Лига Европа, како и дербито со Рома во Серија А, пред да се одигра миланското дерби со Интер закажано за 10 октомври.
Навивачите, но пред се раководството очекуваат победи. Во спротивно Монтела тешко дека ќе го дочека ноември на клупата на Милан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори