Морачанин: ДОМ ќе преговара со СДСМ за коалицирање на парламентарните избори

Политичката партија ДОМ која е дел од владејачката коалиција формирала тим кој по празниците ќе почне разговари за коалицирање со СДСМ на претстојните парламентарни избори, информираше вечерва претседателката на ДОМ Маја Морачанин.
Во гостување на ТВ Сител, Морачанин рече дека на Централниот одбор на ДОМ донеле одлука да влезат во преговори со СДСМ за заеднички настап на претстојните парламентарни избори. -Извршниот одбор формираше тим, очекувам по празниците да разговараме со СДСМ и ќе видиме што ќе биде исходот, рече Морачани.
Таа посочи дека за ДОМ е прифатливо Талат Џафери да биде технички премиер во преодната влада, а Јован Митревски претседател на Собранието.
Морачанин истакнува дека не се откажале од уставните измени, од една изборна единица и од владеење на правото.
Прашана дали верува дека оваа Влада може да го спроведе тоа штом останувааат во коалицијата рече дека европските интеграции се приориет за партијата и оти е важно не само полноправното членство како крајна цел, туку самиот интеграциски процес со отворање на поглавјата како движечка сила за спроведување на реформите.
-Затоа инсистираме на што побрзо продолжување на овој интеграциски процес бидејќи закочувањето неминовно ќе води и кон кочење на реформите. Она што е многу важно е дека инсистираме да се направи ветинг. За политичарите и за судиите да се направи проверка на потекло на имот, а санкциите од САД со т.н Црна листа да станат дел од нашиот правен систем, рече Морачанин, која смета дека треба да се поддржи иницијативата за отповикување на градоначалници но и други политичари преку референдум.
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
