-->
-->
Моравјецки: Полска ќе побара дополнителни 240 милиони евра од ЕУ за рефинансирање на воените набавки за Украина
-->
Полска ќе побара дополнителни 240 милиони евра од ЕУ за рефинансирање на воените набавки за Украина, изјави денеска во Брисел полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
„Полска веќе има добиено околу 42 милиони евра за рефинансирање на купувањето оружје за Украина“, изјави Моравјецки пред почетокот на самитот на ЕУ, што се одржува денеска и утре.
На состанокот присуствува и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој бара од лидерите на ЕУ да се обезбеди дека руските и белоруските минерални ѓубрива ќе стигнат до земјите во развој, и покрај санкциите против овие две земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
