Македонија
6. February 2024 - 16:01

Мортус пијан, возел со 4.03 промили алкохол во Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на денешниот ден (06.02.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на СВР Битола биле контролирани 135 возила од кои 23 упатени на технички преглед. При контрола кај возач од Битола констатирано било присуство на 4.03 промили алкохол, соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од Министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.