Москва бара помош од Лондон во истрагата за труењето на ќерката на Скрипал

Рускиот Истражен комитет, кој го испитува труењето на државјанката на Русија, Јулија Скрипал, побара од Велика Британија да му обебзеди правна помош во истагата, соопшти денеска претставник на ова руско тело.
Москва бара од британските колеги да извршат серија процедурални постапки за „утврдување на околностите на злосторството“, како и да и достави копија од материјалите од криминалистичката истрага.
- Во документот од британските колеги бараме да спроведат правни процедури со цел да се утврдаат околностите на злосторството, како и да се обезбеди копија од документите од кривичниот случај, вклучително и извештаи од острагата на местото на кое Јулија Скрипал беше најдена во несвест и резилтатите на нејзините лекарски прегледи, изјави претставничката на Комитетот.
Триест и тригодишната Јулија Скрипал и нејзиниот татко, поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал, се наоѓаат во критична состојба од 4 март, кога беа пронајдени во несвест на една клупа во англискиот град Салзбери.
Лекарите утврдија дека Сергеј и Јулија Скрипал биле затруени со нервен агенс.
За нивното труење, Велика Британија ја обвини Русија, што резултираше со дипломатска војна меѓу Москва и западните земји. Повеќе од 20 западни земји, решија да протераат руски дипломати во знак на солидарност со Лондон поради труењето на Скрипал. Москва од своја страна негира каква и да било нејзина поврзаност со труењето на Скрипал и неговата ќерка.
Британската полиција денеска соопшти дека верува оти Скрипал и неговата ќерка Јулија првпат дошле во контакт со нервниот агенс на влезната врата на нивната куќа.
- На влезната врата на куќата на Скрипал идентификувавме најголема концентрација на нервиот агенс досега, се наведува во соопштението на Скотланд јард.
Ваквото најново откритие во истрагата за труењето на Скрипал и неговата ќерка се смета за особено значајно, затоа што полицијата првпат понуди какво било сознание за тоа каде се тие затруени.
Во меѓу време, внуката на Скрипал, Викторија Скрипал за Би-Би-Си изјави дека шансите дека нејзиниот чичко и братучетка ќе преживеат се многу мали.
- Има можеби само еден отсто надеж. Што и да им е дадено, тоа е нешто од што постојат мали шанси да се преживее, додаде Викторија Скрипал.
Ново на Сител
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
-

Бесплатен влез на натпреварите на Македонија за најмладите фудбалери
-

Зеленски побара од Трамп да воведе санкции против руски и кинески компании што изготвуваат нова сателитска мрежа
-

Мицкоски: Охрабрени сме од пораките од Фон дер Лајен, но не и од ставот за уставните измени
-

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра
-

Македонското пиво годинава со двојно поголем извоз од увозот - најмногу се пие во Косово и Албанија
-

Македонските репрезентативци пред нов предизвик – Шкотска гостува во Скопје
