Москва: Тојота и Фолксваген се повлекоа од Русија без опција за повторен откуп на активите

Јапонскиот и германскиот производител на автомобили Тојота и Фолксваген ги префрлија своите активи во Русија без можност да ги откупат.
– Трансакцијата за трансфер на активите на Тојота, како и онаа со Фолксваген, не вклучува опција за повторен откуп на производствените локации, изјави за руски медиуми рускиот вицепремиер Денис Мантуров.
Претставници на руските власти и менаџментот на јапонската компанија во март соопштија дека јапонскиот производител на автомобили ја префрлил сопственоста на фабриката, опремата и земјиштето во Санкт Петербург на руската државна НАМИ, не откривајќи детали за договорот.
НАМИ, рускиот централен институт за истражување и развој на автомобили и мотори, веќе купи погони од Рено и Нисан.
Фолксваген во мај, без да даде дополнителни детали, соопшти дека ја завршил продажбата на фабриката во Каљуга во Русија и нејзините локални подружници на руската групација за трговија со автомобили Авилон и финансиски инвеститор.
Ново на Сител
-

Кратово слави, го освои Купот на Македонија!
-

Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
-

Трамп: Популарен сум во Израел, би можел да се кандидирам за нов премиер
-

Пад на цената на нафтата
-

Трамп: Не брзам да постигнам договор со Иран, Нетанјаху ќе го прави она што ќе го побарам
-

ФАО: Затворањето на Ормуз може да предизвика скок на цените на храната во наредните 6 до 12 месеци
-

Пијан малолетник во Градски парк бил агресивен кон полицајци
-

18-годишник физички нападнат од двајца соученици кои го подолго го вознемирувале во училиште
