Спорт плус
25. July 2020 - 19:44

Мото: Нова пол-позиција за Квартараро

Французинот Квартараро  и на утрешната трка во Херез од шампионатот во мотоциклизам ќе стартува од Пол позиција со што отвори простор за втора победа на стартот во шампионатот во Кралската класа.

           Квартараро кој победи на првата трка сезоната со својата Јамаха постигна најдобро време на еден круг и оствари предност пред Маверик Вињалес кој освои второ време по вредност.

          Најдобриот ден во својата кариера го забележа Пеко Бањана со Дукати освојувајќи ја третата стартна позиција.

          Ветеранот Валентино Роси ќе стартува од вториот грид додека актуелниот светски првак Марк Маркез  по операцијата од пред четири дена се појави на патеката но по само еден круг се повлече од квалификациите.  Неговиот тим објави дека нема да вози утре за големата награда на Андалузија на трката што ќе стартува во 14ч.

Историја во женскиот бокс испиша Американката Сениса Естрада реализирајќи го најбрзиот нокаут во конкуренција на дамите. Естрада за само 7 секунди ја прегази Миранда Адкинс која доби четири удари во серија при што ја загуби свеста.

          28 годишната Естрада ја оствари 19-тата победа во исто толку мечеви и е привремен шамион во мува категоријата во ВБЦ верзијата.