Можно е Грција до утре да постигне спогодба со кредиторите и да добие уште 12 милијарди евра

Можно е Грција до утре да постигне спогодба со кредиторите за мерките за штедење и реформите, за кои земјата да добие 12 милијарди евра од меѓународниот спасувачки план, информираат грчките медиуми.
Владиниот совет за економска политика проценил дека се присутни сите околности да може спогодбата да се склучи и кредиторите да ги деблокираат очекуваните средства, од кои 10 милијарди ќе се оделат за рекапитализација на грчките банки.
Се очекува во недела Европската работна група да одржи телеконференциска врска, на која ќе биде дадено зелено светло за префрлање на траншата од 12 милијарди евра.
Меѓународните кредитори поставија доста тешки очекувања од властите во Грција, кои требаше да го прифатат пакетот со сериозни реформи во замена за доделување на парите.
Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас презеде ангажман да ги спроведе реформите што ги бараат кредиторите. Приоритет им се дава на реформите во државната управа, здравството, образованието и на мерките за борба со корупцијата, на проблемот со лошите банкарски кредити, а, исто така, и на даночните и пензиските измени, против кои вчера штрајкуваа иладници Грци.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
