МТСП: Во тек е етапната исплата на ноемвриските пензии
Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 29.11.2022 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец ноември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.11.2022 година (вторник);
-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.11.2022 година (среда);
-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.12.2022 година (четврток) и
-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.12.2022 година (петок).
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 29 ноември (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
