МТСП: Во тек е етапната исплата на септемвриските пензии
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека денеска почнува етапната исплата на пензиите за септември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2022 година (четврток);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2022 година (петок);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 03.10.2022 година (понеделник), и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 04.10.2022 година (вторник).
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања, информираат од МТСП.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека