-->
-->
Му бев љубовница, а потоа неговата сопруга ја породив во болница
-->
Жените кои ќе се одлучат да бидат некому љубовница, најверојатно знаат дека на крајот ќе бидат оставени. Сепак, се случува и тој вид на болна врска да стане вистински краток роман…
- Со години бев во врска со едно момче и кога раскинавме, продолживме да се гледаме. Беше моја голема љубов, како и јас негова, но едноставно не можевме да продолжиме поради некои други причини.
Нашето гледање траеше и откако тој започна врска со неговата сегашна сопруга, а се се заврши кога таа остана бремена. Јас, инаку сум акушерка по професија, а таа случајно дојде да се породи баш кога јас бев на работа.
Имаше долго породување, десет часа, а јас бев цело време со неа и ја гледав како најдобра пријателка. Никогаш нема да го заборавам моментот кога го видов тоа мало суштество, и кога излегов во ходникот да му честитам на среќниот татко.
Тој плачеше, веројатно од среќа, а јас затоа што требаше да бидам на нејзино место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228