Му ја откина раката на момчето зошто сакал да му ги украде патиките!

Кога се нашле на улица, човекот наместо договорените 190 долари, барал тинејџерот да му исплати дури 490 долари, а откако тој не се сложил за промената, се обидел да побегне со робата.
Претходно извадил пиштол и барал Пјер да му ја даде кесата со патики, а да не му земе ни цент, а целата расправа се случила на улица.
На снимката се гледа како Сем излегува од автомобилот со кеса во раката и полека преминува на другата страна од улицата додека „продавачот“ со автомобилот оди во друг правец.
Неколку секунди подоцна Пјер го врти својот џип и намерно се залетува кон тинеџерот кој се обидува да побегне.
Несреќата била толку страшна што на 17-годишното момче му е откината раката. Сепак, иако тешко повреден, Сем станал и почнал да бега од гневниот Пјер оставајќи ја зад себе и кесата и пиштолот.
Очевидците веднаш повикале полиција, а ранетиот Сем набрзо паднал во несвест поради обилното крварење. Тинејџерот итно е префрлен во болница и се опоравува.
Пјер е осомничен за обид за убиство и се наоѓа во притвор, додека Сем се товари за обид за тешка кражба.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
