Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност
Нашето членство во НАТО претставува долгорочна стратешка определба и придонесува за зајакнувањето на колективната безбедност, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински во обраќање на приемот организиран во седиштето на Алијансата во Брисел по повод Денот на независноста – 8 Септември.
Тој се осврна и на предизвиците со кои се соочува земјава на својот европски пат, при тоа нагласувајќи дека посветеноста на реформите и нивната квалитетна имплементација се суштински за приближувањето на нашите стандарди кон оние на ЕУ.
Говорејќи за перспективите за зачленување во ЕУ, Муцински истакна дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Унијата е од големо значење не само за нас, туку и за стабилноста на целиот регион.
Муцински во обраќањето ја повтори и нашата силна поддршка за Украина, додавајќи дека земјава како одговорен партнер, останува посветена на заедничките вредности на Алијансата и на глобалните напори за зачувување на мирот и безбедноста.
Во рамките на посетата на седиштето на Алијансата, предвидено е министерот Муцунски да се сретне и со генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг.
Шефот на дипломатијата престојува во Брисел како дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, а во чиј состав е и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, која се наоѓа во работна во посета на белгискиот главен град.
За време на посетата Мицкоски заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан ќе присуствува на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Премиерот, исто така, ќе има средби и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман.
Ново на Сител
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН
-
Над 7.500 ученици во Општина Аеродром добија бесплатни училишни униформи
-
Муцунски на Столтенберг му врачи Плакета за постигнатите успеси
-
Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана
-
Утре променливо облачно со повремен дожд, температура до 25 степени
-
Израел во состојба на готовност: Илјадници војници се префрлија на север поради страв од одмазда на Хезболах