Муцунски: Eкипите на терен експресно го санираа скршениот „легнат полицаец“ во Горно Лисиче

Нецели два месеца откако беше поставен легнат полицаец во скопската населба Горно Лисиче, денеска на социјалните мрежи се појавија фотографии дека е искршен. Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски на својот Фејсбук профил напиша дека веднаш е реагирано од страна на екипите на терен и проблемот е саниран.
„Само неколку дена откако ја преземав градоначалничката функција поставивме „легнати полицајци“ во Горно Лисиче. Безбедноста во сообраќајот претставува наш императив, па затоа се одлучивме на ваквиот чекор. Но само по неколку недели, утрово можевме да забележиме дека истиот тој легнат полицаец е скршен. Нашите екипи на терен експресно брзо реагираа и веднаш го санираа овој проблем. Во последниот период сведоци сме на вандализам врз општинските добра низ целата територија на Општина Аеродром, за што се сомневаме дека ова има некаква позадина со цел да наштети на општинската власт. Би сакале да ги известиме локалните жители дека опремата за проектите е под гаранција и веќе е санирана. Но, за истата штета да не се повтори јавно го прашуваме МВР. Зошто МВР не реагира на забраната за движење на тешките товарни возила кои движат во тој реон на Горно Лисиче и дозволува да се уништуваат коловозите и урбаната опрема? Со безбедноста не смее да има компромис!“, напиша Муцунски.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
