Муцунски: Јанева ја поништи основната причина поради која беше формирано СЈО
Катица Јанева со нејзината одлука да се откаже од предметот „Пуч“ практично ја поништи и основната причина поради која беше формирано Специјалното јавно обвинителство (СЈО), оцени Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната партиска прес-конференција.
- Колку и да бега, колку и да се крие Јанева не може да избега од одговорноста за непрофесионалната и скандалозната одлука која што ја донесе. Таа се делегитимираше себе си како јавен обвинител, а целосно го делегитимираше и Специјалното јавно обвинителство како орган кој треба да го расчисти скандалот со незаконското прислушување, рече Муцунск .
Тој посочи дека иако помина цела недела Јанева се уште бега и се крие од одговори и одговорност во врска со, како што рече, срамната одлука за де факто аболицијата во предметот „Пуч“.
- Помина цела недела од најголемиот скандал во македонската правосудна пракса кога за прв пат еден обвинител се стави во одбрана на кривично дело наместо да инсистира да биде гонето пред надлежниот суд кој треба да ги разгледа доказите. Јанева политички одлучи да ја погази судската пресуда и признанието на осудениот Ѕвонко Костовски кој соочен со доказите во предметот „Пуч“ се спогоди за помала казна затвор, рече Муцунски и додаде јавноста не слушна и како таа ја толкува скајп комуникацијата помеѓу обвинетите во „Пуч“, Верушевски и Лазаревски.
Ново на Сител
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп
-
Како изборите во Германија ќе влијаат на односните Скопје-Берлин?
-
Без напредок заврши уште една средба на македонските и бугарските историчари
-
СДСМ бара одговорност за најавите за вработувања во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ демантира
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените
-
Работна група од влада ќе ги „чешла“ деталите од бугарскиот предлог за железничкиот тунел
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ, комисија за заразни болести
-
Масовна партизација или популизам: Меџити најави илјадници вработувања на Албанци во администрацијата