Муцунски ќе се обрати на панелот „Жнеење мир на Балканот: дијалог, бизнис и поврзаност“ на Дипломатскиот форум во Анталија

Во рамки на Дипломатскиот форум во Анталија (Antalya Diplomacy Forum – ADF2026), министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска ќе се обрати на панелот „Жнеење мир на Балканот: дијалог, бизнис и поврзаност“.
На панелот, како што информираат од Министерството, предвидено е учество на министри од земјите од Западен Балкан, како и од Хрватска и Турција, како и генералниот секретар на Советот за регионална соработка (RCC).
Во рамки на престојот во Анталија, а на покана на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, Муцунски вчера учествуваше на Третиот министерски состанок на Балканската платформа за мир, заедно со шефовите на дипломатиите од земјите од Западен Балкан.
За време на форумот предвидено е министерот Муцунски да оствари и повеќе билатерални средби.
МИА
Ново на Сител
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
-

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
