Македонија
6. March 2025 - 16:37

Муцунски: Македонија е сојузник и партнер на процесите кои носат стабилност и безбедност во регионот

Во време на  безбедносни предивици Македонија дава целосна поддршка на конкретните активности на меѓународната дипломатија за воспостабување праведен и траен мир во завојуваните подрачја, вели шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, обраќајќи се на трибина за ЕУ и НАТО предизвиците.

Македонија треба да биде внимателна на кревкиот однос Еу-САД, смета експертската јавност. Како стратешка определба,треба да продолжиме со дијалогот со Брисел, но истовремено да ги продлабочиме односите со САД како стратешки партнер.

Панел дискусијата е дел од Школата за безбедност 2025 на која студенти и млади професионалци од Македонија, Бугарија и Србија ќе разменат искуства за регионалните безбедносни предизвици.