Муцунски на 79-та сесија на Генералното собрание на ОН

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во Соединетите Американски Држави, каде што ќе биде дел од македонската државна делегација на 79. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Покрај учеството во македонската делегација, Муцунски, како што најавуваат од министерството, ќе има значајни средби со земјите од А5, земјите членки на ПСЈИЕ, ОБСЕ Тројката, и ќе оствари билатерални средби со министри за надворешни работи на повеќе земји. Исто така, тој ќе одржи бизнис средби поврзани со надворешната трговија и странските инвестиции.
Планирано е тој да се обрати на „Интерактивниот дијалог 2“ на тема „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународен мир и безбедност“, што е клучен настан за повторно обврзување на глобалното единство според Повелбата на ОН.
Дополнително, Муцунски ќе учествува и на вториот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Г20, како и на отворената дебата на високо ниво на Советот за безбедност на ООН на тема: „Лидерство за мир: Обединети во почитување на Повелбата на ООН во потрага по безбедна иднина.“
Во рамките на планираните активности, министерот ќе зема учество и на Министерскиот состанок на групата пријатели на Западен Балкан и на Појадокот со министрите од Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Продолжува акцијата за чистење на Скопје на повеќе од 50 локации
-

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали
-

Денеска се слави Покровот на Пресвета Богородица
-

Најмалку шест жртви во ноќешните руски напади врз Украина
-

Папата Лав има рак на белите дробови
-

Продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана
-

Променливо облачно со засилен ветер кој на места ќе надминува 60 км/h
-

Мерц побара Иран да престане да го дестабилизира Блискиот Исток
