-->
-->
Муцунски: Над 800 ученици во Аеродром ќе добијат бесплатни таблет уреди
-->
Убавите работи започнуваат од Аеродром, обезбедивме над 800 таблети за учениците во основните училиштаВо услови кога Владата и Министерството за образование и наука сè уште немаат обезбедено учебници за учениците, а веројатно ниту на повидок нема решение за овој проблем, ние во Општина Аеродром одиме чекор напред. Со средства од буџетот на општината, обезбедивме таблет уреди кои ќе бидат наменети за сите четвртоодделенци во основните училишта низ Аеродром.
За мене како прв човек на Општина Аеродром, дигитализацијата на образованието е важна, а како локална самоуправа водиме сметка за буџетот на родителите. Токму поради тоа, денеска во основното училиште ,,Блаже Конески”, започна имплементацијата на проектот преку кој секое дете што посетува настава во четврто одделение ќе добие бесплатен таблет за следење на наставата.
Станува збор за висококвалитетни таблети од брендот „Амазон“, односно набавка чија вкупна вредност изнесува над 5 милиони денари. Проектот почнува да се реализира веднаш и ќе продолжи да се имплементира и во наредните години.
Современ Аеродром, убав Аеродром, дигитализиран Аеродром во чекор со модерното време, општина која работи кон подобрување на образовниот процес за секој ученик – тоа е мојата визија за развој на образованието и општината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
