Муцунски: Овој ден е почеток на крајот на оваа власт
Изборниот процес помина генерално во фер и демократска атмосфера, со низа помали прекршувања предизвикани пред сѐ од партиите на власт и нивните активности, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски на прес-конференција од Изборниот штаб на Гордана Силјановска Давкова.
По затворањето на гласачките места, Муцунски информираше дека досегашните податоци за нерегуларности кои ги добиле од набљудувачите забележале неколку нерегуларности.
- Забележано е вршење на притисок врз гласачи во општина Сарај, импровизиран штаб во непосредна близина на училиштето „Гоце Делчев“ во Гостивар. Исто така, забележани се случаи на семејно и колективно гласање за кое истите лица биле предупредувани од страна на избирачките одбори и акредитираните набљудувачи, рече тој.
Како што дополни, на неколку изборни места во втората изборна единица, поточно во Куманово, нотирани се нерегуларности од типот на нефункционалност на фингерптинт апаратите, или немање на печат.
- Во едно избирачко место, бидејќи немало печат, избирачкиот одбор добил насока од Општинската изборна комисија гласањето да продолжи, па после гласањето да се стави печат. При примопредавањето на изборниот материјал, не биле потпишани сите субјекти, дополни тој.
Муцунски потенцираше дека за сите забелешки ќе постапат пред надлежните институции.
- Затоа што во наш, и интерес на Македонија, е да добиеме чист изборен процес, кој, според нас, треба да заврши со победа на Македонија и визија за реформи и визијата за правда, рече Муцунски.
Ново на Сител
-
Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
-
Скопјанец ги претепал сопругата и малолетниот син, ја искршил и влезната врата од зградата
-
Претрес во скопско, пронајдено оружје и муниција | ФОТО
-
ЕУ ѝ префрла на Украина 1,5 милијарда евра приход од замрзнати руски средства
-
Тетовчани се скарале поради паркинг место, по што едниот извадил пиштол и му се заканил на другиот
-
Драма во Собрание: Неколку пратеници добиле заканувачки пораки
-
Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица
-
Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени