Муцунски се обрати на Конференција за слобода на медиумите во Западен Балкан
Слободата на изразување претставува основен столб за развојот на демократијата, а клучната улога во тоа ја имаат слободните медиуми, истакна македонскиот заменик министер за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски, во обраќањето на конференцијата „Слободата на медиумите во Западен Балкан“, што се одржа во Виена.
Муцунски говореше на воведната сесија на конференцијата, чиј организатор е австриското претседателство со ОБСЕ, во соработка со Канцеларијата на ОБСЕ за слобода на медиумите. На воведната сесија се обратија и претседавачот со ОБСЕ за 2017 година и министер за надворешни работи на Република Австрија, Себастијан Курц и Дуња Мијатовиќ, претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите.
Како што соопшти МИОА, Муцунски се осврнал на важноста на квалитетното и професионално новинарство, кое, како што потенцираше, треба целосно да се поддржи, заштити и негува. Посочил дека обезбедувањето слобода на изразување, слободни и плурални медиуми, бара континуирано следење на состојбите и соодветно преземање мерки и активности од страна на различни субјекти и во различни области.
- Усогласувањето со меѓународните стандарди е важно прашање во процесот на регулација на медиумската сфера. Но, круцијално е и создавањето на саморегулација која се базира на принципите на транспарентност и отчетност, а истовремено промовира и етичко известување, истакнал Муцунски, соопшти МИОА.
Обраќања на воведната сесија имаа и претседавачот со ОБСЕ за 2017 година и министер за надворешни работи на Република Австрија, Себастијан Курц, како и Дуња Мијатовиќ, претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите.
Целта на конференцијата е да обезбеди платформа за размена на иницијативи и најдобри практики во однос на важните прашања поврзани со слободата на медиумите кај земјите од регионот, со посебен акцент на безбедноста на новинарите и медиумската етика. Учествуваа претставници на ОБСЕ,регионални експерти, претставници на граѓански организации, министри и други високи владини претставници од регионот, кои дискутираа за прашања поврзани со задржувањето на професионалните стандарди и довербата во медиумите кои треба да останат независни и непристрасни.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот