Свет
18. November 2017 - 20:08

Мугабе е подготвен да умре за она што е исправно

Претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе и неговата сопруга Грејс „се подготвени да умрат за она што е исправно“ и немаат намера да се повлечат за да го оправдаат пучот, изјави внукот на Мугабе, Патрик Жувао.

Во телефонски разговор за светски медиуми, од „тајна локација’ во Јужна Африка, тој рекол дека Мугабе едвај спиел откако армијата ја презеде власта во средата, но оти неговото здравје е добро.

Според некои светски медиуми, државната телевизија на Зимбабве објавила дека земјата е „слободна и ослободена“, додека Мугабе, од друга страна, одбива да отстапи од функцијата претседател, и покрај тоа што се наоѓа во куќен притвор.