Тенис
28. October 2015 - 17:25

Мугуруза до втората победа на женскиот Мастрес

Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза ја оствари и втората победа на женскиот Мастерс што се одржува во Сингапур. Таа попладнево со 6-4 во двата сета ја совлада Германката Анжелик Кербер. 

Во вториот меч од „белата“ група одигра денеска во дуелот на тенисерките од Чешка победа со 2-0 во сетови (7-5 и 7-5) постигна Петра Квитова против Луси Сафарова.
По мечевите од 2.коло во „белата“ група табелата го има следниот изглед: Мугуруза 2-0 (победи - порази), Кербер 1-1, Квитова 1-1, Сафарова 0-2.
Во „црвената“ група утре се играат дуелите од 3.коло: Шарапова - Пенета и Халеп - Радванска.
Табела „црвена“ група: Шарапова 2-0, Халеп 1-1, Пенета 1-1, Радванска 0-2.
Двете првопласирани тенисерки од групите ќе играат во полуфиналето.