Мукаетов: Се надеваме на одлука според важечките спортски правилници на ЕХФ

Сопственикот на компанијата Алкалоид, Живко Мукаетов изрази надеж дека Европската ракометна федерација ќе донесе правилна одлука за неодиграниот натпревар вчеравечер во СЦ „Борис Трајковски“.
Воедно, Мукаетов им се заблагодари на сите кои дојдоа во СЦ „Борис Трајковски“ да го поддржат Алкалоид во реваншот од финалето на Европскиот куп со грчи АЕК.
– Oгромно БЛАГОДАРАМ од срце на сите кои дојдовте во СЦ Борис Трајковски да го бодрите РК Алкалоид кон историскиот успех.
Чесно, праведно, спортски и витешки пристапивме кон ова натпреварување, целосно. И клубот и прекрасната публика синоќа.
РК Алкалоид ги исполни сите барања на надлежните авторитети во поглед на сите организациски аспекти од синоќешниот настан, кој требаше да биде заокружување на една убава приказна во која е вложен многу труд, напор и ресурси.
Се надеваме на одлука според важечките спортски правилници на ЕХФ, стои на Инстаграм профилот на Мукаетов.
Натпреварот Алкалоид – АЕК не се одигра поради одлука на гостите да не излезат на теренот.
На првиот меч во Атина, македонскиот претставник победи со 29:25.
Ново на Сител
-

Башким Бесими нов претседател на СЈО
-

Транспаренси интернешнл: Македонија е далеку под 50-те земји кои гарантираат борба со корупција
-

Комунална полиција - потенцијално решение за ѓубрето и воспоставување ред во главниот град
-

Од Фондот за здравство уверуваат дека од нивна страна нема доцнење на исплатите за породолно
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски ќе присуствува на Комисијата за човекови права закажана по барање на родителите на загинатите во Кочани
-

Стартува пленарната расправа за буџетот за следната година
-

Преку онлајн иницијатива СДСМ ќе се бори против отворање на мигрантски кампови во Македонија
