Мурињо: Остваривме историска победа над Реал

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо ги искажа впечатоците по победата (4:2) над Реал Мадрид синоќа во 8. коло од Лигата на шампионите.
Во 90+8 минута, голманот на Лисабон, Анатолиј Трубин, со глава го постигна четвртиот гол за Бенфика. Овој гол му овозможи на тимот да заврши на 24. место во генералниот пласман и да се квалификува во плејофот од Лигата на шампионите.
– Често сум победувал или губел во последните моменти, но тоа беше ситуација каде што водевме, но не беше доволно. Моравме да промениме нешто и да преземеме ризици. Победата над Реал Мадрид секогаш е вредна, но во тој момент мораше да одиме со сите сили за два разлика. Не сме силни во воздухот, но големиот човек отиде таму и постигна фантастичен гол. Без оглед на нашата иднина во Лигата на шампионите, ова е историска победа. Тоа е важно од економска гледна точка, а уште повеќе од престижна гледна точка, изјави Мурињо за „Рекорд“.
Бенфика во плејофот за осминафиналето ќе се соочи со Интер или со Реал Мадрид.
МИА
Ново на Сител
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
