Муртезани - Дир: Македонија ќе ѝ помогне на Украина со своето искуство во евроинтегративниот процес

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска остварил средба со амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир, при што ја нагласил силната поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и украинскиот народ, во контекст на руската воена агресија, истакнувајќи ја нашата целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија.
Воедно, како што соопштија од Министерството за европски прашања, Муртезани на средбата ја поздравил позитивната одлука на Унијата за кандидатскиот статус на Украина за членство во ЕУ.

Соговорниците изразиле надеж за успешен напредок на двете земји на евроинтегративниот пат. Министерот Муртезани ја потенцирал подготвеноста на Северна Македонија да ги сподели своите искуства во однос на пристапните преговори и процесот на скрининг, усогласувањето на законодавството со правото на ЕУ, подготовката на национална верзија на европското Acquis, координацијата на ИПА фондовите и сл.
-На состанокот стана збор и за можна соработка во контекст на споделување искуства и добри практики, преку Меморандум за соработка на теми поврзани со евроинтеграцијата, на иницијатива од македонска страна. Дир и Муртезани ги реафирмираа одличните билатерални односи, осврнувајќи се на модалитетите за зајакнување на политичкиот дијалог, економските односи и инвестиционите можности со оглед на состојбите во Украина, се вели во соопштението на Министерството.
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
