Мустафа: Изборите за претседател на Косово ќе се одржат овој месец
Косовскиот премиер Иса Мустафа синоќа изјави дека владината коалиција настојува изборите за претседател на Косово да се одржат во текот на овој месец, но оти датумот не е одреден, бидејќи тој ќе зависи од агендата на косовскиот Парламент, кој согласно Уставот го избира шефот на државата.
- Што се однесува до изборот на претседателот, крајниот рок е месец март, но ние ќе вложиме напори тоа да биде до крајот на овој месец. Но, датумот не е одреден.Тоа е во надлежност на Претседателството на Парламентот, изјави Мустафа на средба со претставници на Централниот совет на млади, на кои им вети дека ќе се ангажира за унапредување на нивната положба.
Како што јави дописникот на МИА, тој додаде дека во редовите на неговиот Демократсккиот сојуз на Косово (ЛДК) постои „државничка, политичка и инситутционална зрелост“ и оти на ниту еден пратеник нема да му се сугерира како да гласа.
- За мене би бил многу низок чин, да им кажувам направете го ова или не правете го. Пратениците се личности кои имаат посебна одговорност кон граѓаните и нивна обврска е да го кажат сопственото мислење, -изјави Мустафа.
Тој уште еднаш порача дека проблемите не се решаваат „со употреба на камења и солзавец“, туку само со дијалог и во инситуциите на државата.
Мистафа ги негираше гласините дека зачестените средби со младите, синдикатите и други асоцијации ги прави за да ги убеди да не излегуваат на најавениот протест на опозицијата закажан за 17 февруари.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп